КОНКУРС ЗА ОТКУП НА СКУЛПТУРИ ОД ГАЛЕРИСКИ ФОРМАТ ОД ОБЛАСТА НА ВИЗУЕЛНИТЕ УМЕТНОСТИ ВО 2016 ГОДИНА

Врз основа на член  64 став 1 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“  бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/2014 61/15, 154/15 и 39/16), Министерството за култура распишува 


КОНКУРС ЗА ОТКУП НА СКУЛПТУРИ ОД ГАЛЕРИСКИ ФОРМАТ ОД ОБЛАСТА

НА ВИЗУЕЛНИТЕ УМЕТНОСТИ ВО 2016 ГОДИНА

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Министерството за култура, во согласност со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година („Службен весник на РМ“ бр. 15/2013) за остварување на националниот интерес во културата, ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија во 2016 година, кои ќе се доделат за откуп на скулптури од галериски формат  од областа на визуелните уметности.

 

II. ЦЕЛ

Конкурсот за откуп на скулптури од галериски формат од областа на визуелните уметности  се објавува заради:

·  стимулирање на ликовното творештво на авторите;

·  збогатување на музејските збирки во националните установи од областа на културата и за потребите на други државни и јавни установи во Република Македонија.

 

III. ПРИОРИТЕТ

Приоритет при откупот ќе имаат квалитетни скулптури од автори кои дале исклучителен придонес во создавањето, профилирањето и афирмирањето на македонската современа ликовна уметност.

IV. ПРАВО НА УЧЕСТВО

  • На Конкурсот за откуп може да учествуваат правни и физички лица кои се сопственици или автори на скулптури од галериски формат што се нудат за откуп.
  • На Конкурсот за откуп едно лице може да учествува со најмногу три понудени скулптури.

 

V. ДОКУМЕНТАЦИЈА ШТО СЕ ДОСТАВУВА ВО ВРСКА СО КОНКУРСОТ

  1. Понуда за откуп на скулптури со податоци за понудувачот (име, адреса и телефонски број за контакт).
  2. Биографија на авторот (важи само доколку понудувач е самиот автор).
  3. Податоци за скулптурите што се нудат за откуп: автор, наслов, година на создавање, техника, димензија, опис на скулптурата и изглед – визуелен материјал презентиран во зависност од медиумот во кој е создадена скулптурата (каталог, фотографија, ЦД и сл).
  4. Вредност на скулптурата изразена во бруто-износ во денари.
  5. Купопродажен договор во оригинал или копија заверена на нотар или изјава за сопственост заверена на нотар со која понудувачот изјавува дека скулптурата е во негова лична сопственост, како и изјава заверена кај нотар дека скулптурата не потекнува од противправни дејства.

VI. НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ


  • Конкурсот ќе биде објавен во средствата за јавно информирање и на веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk), а рокот за поднесување на понудите за откуп е 30 дена од денот на објавување на Конкурсот, односно заклучно со 9.6.2016 година.  
  • Понудите пристигнати по наведениот рок нема да бидат разгледувани.

· Понудите за откуп, со назнака: „За Конкурсот за откуп на скулптури од галериски формат од областа на визуелните уметности во 2016 година“, се доставуваат до Министерството за култура преку пошта, на адреса ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, или со предавање лично во писарницата на Министерството најдоцна до 16:30 часот на последниот ден од Конкурсот.

VII. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРС

  • За резултатите од Конкурсот, учесниците ќе бидат известени со решение на Министерството за култура.
  • Резултатите ќе бидат објавени и на веб-локацијата на Министерството за култура.
  • Материјалите доставени на Конкурсот не се враќаат.

VIII. ПОТПИШУВАЊЕ ДОГОВОР ЗА ОТКУП

  • Министерството за култура ќе склучи договори за откуп со учесниците на Конкурсот со кои ќе се регулираат меѓусебните права и обврски во согласност со важечките прописи на Република Македонија.

IX. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дополнителни информации може да се добијат на тел. 02/3240-556 и 3240-554,  Одделение за визуелни уметности, архитектура и дизајн во Министерството за култура.

                                

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia