Конкурс за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници за 2012 година

Врз основа на член 16 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“  бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/2010, 47/2011 и 51/2011),  а во врска со член 6 од Правилникот за утврдување на критериумите, постапката и начинот на обезбедување поволни услови и надоместоци од средства на републичкиот буџет на самостојните уметници („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/2000), Министерството за култура распишува

К   О   Н   К   У   Р   С

за доделување  месечни надоместоци

на самостојните уметници за 2012 година

За стимулирање и помагање на уметничкото творештво на самостојните уметници, Министерството за култура за 2012 година ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија како месечни надоместоци на самостојните уметници за придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување, како и за персоналниот данок на доход.

Надоместоците ќе им се доделат на самостојните уметници што ќе ги исполнат следниве критериуми:

да се регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија  како самостојни уметници за вршење уметничка дејност во согласност со Законот за културата и со Законот за трговските друштва;

да ги исполнуваат основните и дополнителните критериуми по одделни видови уметничко творештво утврдени во Правилникот за утврдување на критериумите, постапката и начинот на обезбедување поволни услови и надоместоци од средствата на републичкиот буџет на самостојните уметници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/2000). Правилникот ќе биде објавен на веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk).

Пријавувањето се врши со доставување пополнета пријава. (подигни пријава)

Самостојниот уметник со пријавата на Конкурсот доставува и:

извод од регистрацијата издаден од Централниот регистар на Република Македонија;

документација за активностите и остварувањата (покани, плакати, критики, признанија, дипломи, ЦД-изданија, каталози, награди и мислења од соодветни асоцијации и комисии).

 Документите, односно материјалите доставени со Пријавата не се враќаат.

Самостојните уметници кои во претходната година добиле поволности од Министерството за култура задолжително треба да достават потврди дека им се уплатени придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување, како и за персоналниот данок на доход, заклучно со 31 јули 2011 година.

Конкурсот трае 30 дена од денот на објавувањето.

Пријавата и документацијата во врска со Конкурсот може да се достават до Министерството за култура по пошта на адреса: ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61 - Скопје или во писарницата на Министерството за култура најдоцна до 16 часот на последниот ден од Конкурсот.

За резултатите од Конкурсот учесниците ќе бидат известени по писмен пат.

Со самостојните уметници што добиле поволности по конкурсот, Министерството за култура ќе склучи поединечни договори во коишто ќе се утврдат условите и обврските на самостојниот уметник за користење на паричните надоместоци.

За дополнителни информации, самостојните уметници може да се обратат до Министерството за култура кај одговорниот државен службеник за соодветната дејност од областа на културата.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА
kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia