КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС, МАНИФЕСТАЦИЈА „ГРАД НА КУЛТУРАТА ВО 2016 ГОДИНА“

Врз основа на член 64 став 1,  член 60  и 61 став 3, а во врска со членот 8 став 2 точки 4 и 7 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“  бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12,  23/13, 187/13, 44/14, 61/15 и 154/15), Министерството за култура распишува

ПРИЈАВА ЗА МАНИФЕСТАЦИЈАТА

КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС,

МАНИФЕСТАЦИЈА „ГРАД НА КУЛТУРАТА ВО 2016 ГОДИНА“

I. Општи информации

Министерството за култура, со цел да се создадат услови за рамномерен културен развој и да се обезбедат услови за достапност на граѓаните до културните вредности и нивно масовно користење, како и за да се поттикне заживувањето на културата на локално ниво, во 2016 година ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за реализација на манифестацијата „Град на културата во 2016 годинa“.

II. Право на учество

  • На Конкурсот може да учествуваат градовите во Република Македонија.

III. Начин на аплицирање  и рок за поднесување на пријавите

  • Пријавувањето се врши со доставување пополнета пријава која  треба да се преземе од веб–локацијата на Министерствотo за култура и да се пополни електронски со впишување податоци на означеното место. Пријавата, која е составен дел од Конкурсот, ќе биде објавена на веб–локацијата на Министерствотo за култура (www.kultura.gov.mk).
  • Со пријавата  градовите задолжително треба да достават и прецизна фестивалска програма со препознатлива културна и историска традиција и  краток осврт на проектите кои се составен дел од програмата.
  • Пријавата и програмата во врска со Конкурсот може да се достават до Министерството за култура по пошта на адреса: ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61 - Скопје или во писарницата на Министерството за култура најдоцна до 16:30 часот на последниот ден од Конкурсот.
  • Нема да се разгледуваат следниве пријави: доставени по истекот на рокот на Kонкурсот, доставени по електронска пошта, пополнети на несоодветен образец, нецелосно пополнети и некомплетни пријави без приложена документација која задолжително се бара.
  • Материјалите доставени на Конкурсот не се враќаат.
  • Конкурсниот рок ќе трае до  7 декември 2015 година.

IV. Известување за резултатите од Конкурсот

  • За резултатите од Конкурсот, учесниците ќе бидат известени согласно со закон.

V. Потпишување на договор

  • Министерството за култура со градот чија програма ќе биде прифатена ќе склучи договор за реализација на манифестацијата „Град на културата во 2016 година“.

VI. Дополнителни информации

  • За  дополнителни  информации,  може  да   се   обратите   на   тел. 02/ 3289 - 797 кaj државниот службеник Лилјана Мострова.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia