Конкурс за поддршка на стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарни стручни кадри за 2016 година

Врз основа на член 64 од Законот за културата („Службен весник на РМ“  бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15 и 154/15), Министерството за култура распишува 

К О Н К У Р С

за поддршка на стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарни стручни кадри во областа на филмот, театарот, музиката, танцот, литературата, визуелните уметности, архитектурата и дизајнот, заштитата на движното и недвижното културно наследство за 2016 година

ПОДИГНИ ДОКУМЕНТ - ПРИЈАВА

  1. I.       ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Министерството за култура ќе обезбеди средства како еднократна сума од Буџетот на Република Македонија за:

  • поддршка на стручно усовршување на талентирани млади уметници и дефицитарни стручни кадри (за редовни, постдипломски и докторски студии и специјализации) во странство со приоритет на студиите што ги нема во образовниот систем во нашата земја;
  • поддршка на стручно усовршување на дефицитарни стручни кадри за непосредна заштита на културното наследство;
  • поддршка на стручно усовршување во странство на кадри за менаџмент и маркетинг во културата и примена на нови технологии.
  1. II.    НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето се врши со доставување пополнета пријава која ќе биде објавена на веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk) на денот на објавувањето на овој конкурс.

Пријавата за учество, со целокупната придружна документација, се поднесува лично во писарницата на Министерството за култура во работните  денови од  9 до 16 часот или по пошта на адреса: ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, Скопје.

III. ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Со пријавата задолжително се доставува следнава документација:

  • потврда за упис преведена на македонски јазик од овластен судски преведувач;
  • фотокопија од Уверение за државјанство на Република Македонија;
  • потврда за висината на котизацијата или пресметка на вкупните трошоци за престој и школување;
  • две писмени препораки од физичко лице (професор, ментор и слично) или од установа, здружение или правно лице кое врши дејност од областа на културата.

Документацијата  доставена на Конкурсот не се враќа.

IV.  РОК НА ТРАЕЊЕ НА КОНКУРСОТ

Конкурсниот рок за поднесување на пријавите е заклучно со 20.11.2015 година.

Комисијата нема да ги разгледува и ќе ги отфрли следниве пријави:  доставени по истекот на рокот на Kонкурсот, доставени по електронска пошта, пополнети на несоодветен образец, нецелосно пополнети и некомплетни пријави без приложена документација која задолжително се бара.

Сите  учесници на Конкурсот ќе бидат известени во согласност со Законот за културата.

  1. V.     ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

За дополнителни информации учесниците на Конкурсот може да се обратат до Министерството за култура кај одговорниот државен службеник за соодветната дејност од областа на културата.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia