КОНКУРС ЗА ОТКУП НА ДРАМСКИ ТЕКСТОВИ ЗА 2016 ГОДИНА

        Врз основа на член  64 став 1  од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“  бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12,  23/13, 187/13, 44/14, 61/15 и 154/15), Министерството за култура распишува

КОНКУРС ЗА ОТКУП НА ДРАМСКИ ТЕКСТОВИ ЗА 2016 ГОДИНА

  1. Право на учество на Конкурсот
  • На Конкурсот може да учествуваат само автори-државјани на Република Македонија.
  • Секој автор има право да конкурира со по еден оригинален/авторски драмски текст.
  • На Конкурсот се поднесува драмски текст кој не е претходно јавно изведуван ниту публикуван.

2. Цел 

       Конкурсот за откуп на драмски текстови се објавува заради:

  • стимулирање и афирмација на дела од авторската драматика во Република Македонија и
  • збогатување на фондот на драмски текстови од домашни автори.

3. Рок за учество на Конкурсот

  • Конкурсниот рок за поднесување на драмските текстови е заклучно со 1 февруари 2016 година. Драмските текстови може да се достават до Министерството за култура по пошта (ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, 1000 Скопје), со датум на поштенскиот жиг, или лично во пи­сар­ни­цата на Министерството во работните денови најдоцна до 16.30 часот.
  • Драмските текстови пристигнати по наведениот рок нема да бидат разгледувани.

4. Документација што се доставува во врска со Конкурсот

  • Драмските текстови на Конкурсот треба да се достават до Министерството за култура во затворен плик, во три примероци, со назнака: За Конкурсот: „ОТКУП НА ДРАМСКИ ТЕКСТОВИ“, со шифра и текстот „НЕ ОТВОРАЈ“.
  • Во пликот, освен текстот, треба да се приложи и посебен затворен плик, означен со истата шифра, во кој ќе бидат содржани податоците за авторот (име, презиме, телефон и адреса) и доказ за државјанство на Република Македонија.
  • На ниедна од страниците на драмскиот текст не смее да биде запишано името на авторот или каков било знак што упатува на неговиот идентитет.
  1. 5.    Одлучување во врска со пријавените драмски текстови доставени на  Конкурсот
  • Драмските текстовите ќе ги оценува комисија од истакнати стручни и компетентни лица именувана од министерот за култура. Комисијата ќе направи избор на најмногу 5 драмски текстови од пријавените текстови на Конкурсот.
  • Одлуката на комисијата е конечна.
  • На авторите на откупените драмски текстови, за откуп на авторските права за објавување на драмскиот текст во печатена и во електронска форма, Министерството за култура ќе им додели авторски надоместок во нето-износ од 100.000 денари.
  • Министерството за култура ќе спроведе соодветна постапка за објавување на откупените драмски  текстови.
  1. 6.    Известување за резултатите од Конкурсот
  • За резултатите од Конкурсот, учесниците ќе бидат писмено известени од страна на Министерството за култура.
  • Резултатите ќе бидат објавени и на веб-локацијата на Министерството за култура.
  • Неизбраните  драмски текстови ќе им бидат вратени на авторите.

7. Потпишување договор за откуп

  • Министерството за култура ќе склучи договори со авторите на избраните драмски текстови со кои ќе се регулираат меѓусебните права и обврски во согласност со важечките прописи на Република Македонија.

8. Дополнителни информации

  • Дополнителни информации може да се добијат во Одделението за драмска дејност на телефонскиот број 02/3240-548, кај одговорното лице Снежана Иванова-Китанова.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА 

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia