КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ МЕСЕЧНИ НАДОМЕСТОЦИ НА САМОСТОЈНИТЕ УМЕТНИЦИ ЗА 2016 ГОДИНА

Врз основа на член 16 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија  бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12,  23/13, 187/13, 44/14, 61/15 и 154/15),  а во врска со член 6 од Правилникот за утврдување на критериумите, постапката и начинот на обезбедување поволни услови и надоместоци од средства на републичкиот буџет на самостојните уметници („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/2000),  Министерството за култура распишува

К   О   Н   К   У   Р   С

за доделување месечни надоместоци

на самостојните уметници за 2016 година

I.   ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

За стимулирање и помагање на уметничкото творештво на самостојните уметници, Министерството за култура за 2016 година ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија, како месечни надоместоци на самостојните уметници, за придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и за персоналниот данок на доход.

II. ДОДЕЛУВАЊЕ НАДОМЕСТОК

Надоместок ќе му се додели на самостојниот уметник кој ги исполнува следниве критериуми:

  • да е регистриран во Централниот регистар на Република Македонија  како трговец-поединец самостоен уметник за вршење уметничка дејност во согласност со Законот за културата и Законот за трговските друштва и
  • да ги исполнува основните и дополнителните критериуми по одделни видови уметничко творештво утврдени во Правилникот за утврдување на критериумите, постапката и начинот на обезбедување поволни услови и надоместоци од средствата на републичкиот буџет на самостојните уметници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/2000). Правилникот ќе биде објавен на веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk).

III.  НАЧИН  НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето се врши со доставување пополнета пријава која ќе биде објавена на веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk) на денот на објавувањето на овој конкурс.

Пријавата за учество, со целокупната придружна документација, се поднесува лично во писарницата на Министерството за култура во работните  денови  до 16 часот или по пошта на адреса: ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, Скопје.

IV.   ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Самостојниот уметник, со пријавата на Конкурсот, задолжително ја доставува и следнава документација:

  • тековна состојба на правното лице издадена од Централниот регистар на Република Македонија (во оригинал или фотокопија заверена на нотар, не постара од 6 (шест) месеци), со исклучок на самостојните уметници кои за 2015 година добиле поволности од страна на Министерството за култура и
  • документација за активностите и остварувањата (покани, плакати, критики, признанија, дипломи, ЦД-изданија, каталози, награди и мислења од соодветните асоцијации и комисии).

Самостојниот уметник кој за 2015 година добил поволности од Министерството за култура задолжително треба да достави и Уверение за уплатени даноци и придонеси заклучно со 31 јули 2015 година, издадено од Управата за јавни приходи.

Документацијата  доставена на Конкурсот не се враќа.

V. РОК НА ТРАЕЊЕ НА КОНКУРСОТ

Конкурсниот рок за поднесување на пријавите е заклучно со 30.10.2015 година.

Комисијата нема да ги разгледува следниве пријави:  доставени по истекот на рокот на Kонкурсот, доставени по електронска пошта, пополнети на несоодветен образец, нецелосно пополнети и некомплетни пријави без приложена документација која задолжително се бара.

Сите учесници на Конкурсот за резултатите ќе бидат известени согласно со закон.

Со самостојните уметници коишто добиле поволности на Конкурсот, Министерството за култура ќе склучи поединечни договори во коишто ќе се утврдат условите и обврските на самостојните уметници за користење месечен паричен  надоместок.

VI.  ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

За дополнителни информации, самостојните уметници може да се обратат до Министерството за култура кај одговорниот државен службеник за соодветната дејност од областа на културата.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА


- ПРАВИЛНИК ЗА УТВРДУВАЊЕ НА КРИТЕРИУМИТЕ, ПОСТАПКАТА И НАЧИНОТ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПОВОЛНИ УСЛОВИ

- ПОДИГНИ ПРИЈАВА 


kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia