СООПШТЕНИЕ ЗА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НАЦРТ-ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА 2016 ГОДИНА

Во согласност со член 70 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија” бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/2010, 47/2011, 51/2011, 136/12,  23/13, 187/13 и 44/2014), националните установи во jуни во тековната година за наредната година доставуваат до Министерството за култура нацрт-годишна програма за работа на установата

Во нацрт-годишната програма се изразени средствата потребни за: програмски активности, оперативни трошоци на установата, плати и други надоместоци за вработените и за надворешните соработници кои ќе се ангажираат за остварување на програмата, материјалните трошоци и трошоците за инвестициско одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема за установата.

Нацрт-годишната програма содржи проекти со спецификација на трошоците по намени и активности.

Образецот за нацрт-годишната програма и обрасците за поединечните проекти по одделни дејности треба да се преземат од веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk), да се пополнат електронски со впишување податоци на означеното место и да се заверат со печат на установата и со потпис на овластеното лице. За секој поединечен проект се пополнува посебен образец од соодветната дејност.

Кон пополнетите обрасци, задолжително треба да се приложат бараните документи кои се наведени во секој поединечен образец од соодветната дејност.

Со обрасците може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектите за кои установата цени дека е потребно да ги достави. Документите/ материјалите доставени со обрасците не се враќаат.

За сите дополнителни информации во врска со обрасците, можете да се обратите до Министерството за култура, до соодветното одделение.

Укажуваме дека нема да бидат разгледувани нецелосно пополнети и некомплетни обрасци - без приложени документи.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА


УПАТСТВО ЗА  ПОПОЛНУВАЊЕ И КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ОБРАЗЕЦОТ ЗА НАЦРТ-ГОДИШНАТА ПРОГРАМА НА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ

-УПАТСТВО ЗА  ПОПОЛНУВАЊЕ И КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ОБРАСЦИ ЗА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ИЗДАВАЧКАТА ДЕЈНОСТ И ЛИТЕРАТУРАТА ЗА НАЦРТ-ГОДИШНАТА ПРОГРАМА НА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ

-УПАТСТВО ЗА  ПОПОЛНУВАЊЕ И КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ОБРАСЦИ ЗА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ВИЗУЕЛНИТЕ УМЕТНОСТИ, АРХИТЕКТУРАТА И ДИЗАЈНОТ ЗА НАЦРТ-ГОДИШНАТА ПРОГРАМА НА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ

-УПАТСТВО ЗА  ПОПОЛНУВАЊЕ И КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ОБРАСЦИ ЗА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА •заштитата на недвижното културно наследство•музејската дејност •библиотечната дејност•заштитата на нематеријалното културно наследство•дејностa за заштита на аудиовизуелните добра

-УПАТСТВО ЗА  ПОПОЛНУВАЊЕ И КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ОБРАЗЕЦ ЗА ПРОЕКТ ОД ОБЛАСТА НА ДРАМСКАТА ДЕЈНОСТ – ПРОДУКЦИЈА НА ПРОФЕСИОНАЛНА ПРЕТСТАВА  ЗА НАЦРТ-ГОДИШНАТА ПРОГРАМА НА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ

-УПАТСТВО ЗА  ПОПОЛНУВАЊЕ И КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ОБРАЗЕЦ ЗА ПРОЕКТ ОД ОБЛАСТА НА ДРАМСКАТА ДЕЈНОСТ - АМАТЕРИЗАМ  ЗА НАЦРТ-ГОДИШНАТА ПРОГРАМА НА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ

-УПАТСТВО ЗА  ПОПОЛНУВАЊЕ И КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ОБРАЗЕЦ ЗА ПРОЕКТ ОД ОБЛАСТА НА МАНИФЕСТАЦИИ И ФЕСТИВАЛИ ЗА НАЦРТ-ГОДИШНАТА ПРОГРАМА НА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ

-УПАТСТВО ЗА  ПОПОЛНУВАЊЕ И КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ОБРАЗЕЦ ЗА ИЗДАВАЊЕ ЦД ЗА НАЦРТ-ГОДИШНАТА ПРОГРАМА НА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ

-УПАТСТВО ЗА  ПОПОЛНУВАЊЕ И КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ОБРАЗЕЦ ЗА ПРОЕКТ ОД ОБЛАСТА НА ФОЛКЛОРНАТА И СЦЕНСКО-УМЕТНИЧКАТА ДЕЈНОСТ  ЗА  НАЦРТ-ГОДИШНАТА ПРОГРАМА НА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ

-УПАТСТВО ЗА  ПОПОЛНУВАЊЕ И КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ОБРАЗЕЦ ЗА ПРОЕКТ ОД ОБЛАСТА НА МУЗИЧКО-СЦЕНСКАТА ДЕЈНОСТ ЗА НАЦРТ-ГОДИШНАТА ПРОГРАМА НА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ

-УПАТСТВО ЗА  ПОПОЛНУВАЊЕ И КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ОБРАЗЕЦ ЗА ПРОЕКТ ОД ОБЛАСТА НА МЕЃУНАРОДНАТА ДЕЈНОСТ ЗА НАЦРТ-ГОДИШНАТА ПРОГРАМА НА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ

-УПАТСТВО ЗА  ПОПОЛНУВАЊЕ И КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ОБРАЗЕЦ ЗА ПРОЕКТ ОД ОБЛАСТА НА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ ЗА НАЦРТ-ГОДИШНАТА ПРОГРАМА НА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ

-УПАТСТВО ЗА  ПОПОЛНУВАЊЕ И КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ОБРАЗЕЦОТ ЗА ИНВЕСТИЦИОНО И ТЕКОВНО ОДРЖУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИТЕ  И ОПРЕМАТА ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ ЗА НАЦРТ-ГОДИШНАТА ПРОГРАМА НА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ


kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia