КОНКУРС ЗА ОТКУП НА СКУЛПТУРИ ОД ГАЛЕРИСКИ ФОРМАТ ОД ОБЛАСТА НА ВИЗУЕЛНИТЕ УМЕТНОСТИ ВО 2015 ГОДИНА

Врз основа на член  64 став 1 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“  бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/2010, 47/2011, 51/2011, 136/12,  23/13, 187/13 и 44/2014), Министерството за култура распишува

КОНКУРС ЗА ОТКУП НА СКУЛПТУРИ ОД ГАЛЕРИСКИ ФОРМАТ ОД ОБЛАСТА
НА ВИЗУЕЛНИТЕ УМЕТНОСТИ ВО 2015 ГОДИНА


I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
        Министерството за култура, во согласност со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година („Службен весник на РМ“ бр. 15/2013) за остварување на националниот интерес во културата, ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија во 2015 година, кои ќе се доделат за откуп на скулптури од галериски формат  од областа на визуелните уметности.

II. ЦЕЛ
       Конкурсот за откуп на скулптури од галериски формат од областа на визуелните уметности  се објавува заради:
•    стимулирање на ликовното творештво на авторите;
•    збогатување на музејските збирки во националните установи од областа на културата во Република Македонија.

III. ПРИОРИТЕТ
Приоритет при откупот ќе имаат квалитетни скулптури од автори кои дале исклучителен придонес во создавањето, профилирањето и афирмирањето на македонската современа ликовна уметност.

IV. ПРАВО НА УЧЕСТВО
•    На Конкурсот за откуп може да учествуваат правни и физички лица кои се сопственици или автори на скулптури од галериски формат што се нудат за откуп.
•    На Конкурсот за откуп, едно лице може да учествува со најмногу три понудени скулптури.


V. ДОКУМЕНТАЦИЈА ШТО СЕ ДОСТАВУВА ВО ВРСКА СО КОНКУРСОТ
1.    Понуда за откуп на скулптура со податоци за понудувачот (име, адреса и телефонски број за контакт).
2.    Биографија на авторот (важи само доколку конкурира самиот автор).
3.    Податоци за скулптурите што се нудат за откуп (автор, наслов, година на создавање, техника, димензија, опис на скулптурата и изглед – визуелен материјал презентиран во зависност од медиумот во кој е создадена скулптурата).
4.     Вредност на скулптурата изразена во нето-вредност во денари.
5.    Купопродажен договор во оригинал или копија заверена на нотар или изјава за сопственост заверена на нотар со која понудувачот изјавува дека скулптурата е во негова лична сопственост.

VI. НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ
•    Конкурсот ќе биде објавен во средствата за јавно информирање и на веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk), а рокот за поднесување на понудите за откуп е заклучно со 28.2.2015  година. 
•    Понудите за откуп во затворен плик, со назнака: „За Конкурсот: Откуп на скулптури од галериски формат“, се доставуваат до Министерството за култура преку пошта, на адреса ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“, бр. 61, или со предавање лично во писарницата на Mинистерството најдоцна до 16 часот на последниот ден од Конкурсот.
•    Понудите пристигнати по наведениот рок нема да бидат разгледувани.

VII. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРС
•    Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени најдоцна во рок од 30  дена од денот на завршување на Конкурсот. За резултатите од Конкурсот, учесниците ќе бидат известени  со решение на Министерството за култура.
•    Резултатите ќе бидат објавени и на веб-локацијата на Министерството за култура.

VIII. ПОТПИШУВАЊЕ ДОГОВОР ЗА ОТКУП
•    Министерството за култура ќе склучи договори за откуп со учесниците  на Конкурсот со кои ќе се регулираат меѓусебните права и обврски во согласност со важечките прописи на Република Македонија.

IX. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Дополнителни информации може да се добијат на тел. 02/3240-554 и 3240-556, кај државниот службеник Марија Станчевска-Ѓоргова, раководител на Одделението за визуелни уметности, архитектура и дизајн во Министерството за култура.
               

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia