КОНКУРС ЗА ОТКУП НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА ОД ОБЛАСТА НА ВИЗУЕЛНИТЕ УМЕТНОСТИ ВО 2015 ГОДИНА

Врз основа на член  64 став 1  од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“  бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/2010, 47/2011, 51/2011, 136/12,  23/13, 187/13 и 44/2014), Министерството за култура распишува


КОНКУРС ЗА ОТКУП НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА ОД ОБЛАСТА
НА ВИЗУЕЛНИТЕ УМЕТНОСТИ ВО 2015 ГОДИНА


I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Министерството за култура, во согласност со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година („Службен весник на РМ“ бр. 15/2013) за остварување на националниот интерес во културата, ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија во 2015 година, кои ќе се доделат за откуп на уметнички дела од областа на визуелните уметности.

II. ЦЕЛ
Конкурсот за откуп на уметнички дела од областа на визуелните уметности  се објавува заради:
•    стимулирање на ликовното творештво на авторите;
•    збогатување на музејските збирки во националните установи од областа на културата во Република Македонија.

III. ПРИОРИТЕТ
•    Приоритет при откупот ќе имаат квалитетни уметнички дела од автори кои дале исклучителен придонес во создавањето, профилирањето и афирмирањето на македонската современа ликовна уметност.


IV. ПРАВО НА УЧЕСТВО
•    На Конкурсот за откуп може да учествуваат правни и физички лица кои се сопственици или автори на уметничките дела што се нудат за откуп.
•    На Конкурсот за откуп, едно лице може да учествува со најмногу три понудени уметнички дела.
•    На Конкурсот за откуп може да бидат понудени уметнички дела од областа на визуелните уметности, освен скулптури.

V. ДОКУМЕНТАЦИЈА ШТО СЕ ДОСТАВУВА ВО ВРСКА СО КОНКУРСОТ
1.    Понуда за откуп на уметничките дела со податоци за понудувачот (име, адреса, телефонски број за контакт).
2.    Биографија на авторот (важи само доколку конкурира самиот автор).
3.    Податоци за делата што се нудат за откуп (автор, наслов, година на создавање, техника, димензија, опис на делото и изглед на делото – визуелен материјал презентиран во зависност од медиумот во кој е создадено делото).
4.    Вредност на делото изразена во нето-вредност во денари.
5.    Купопродажен договор во оригинал или копија заверена на нотар или изјава за сопственост на делото заверена на нотар со која понудувачот изјавува дека делото е во негова лична сопственост.

VI. НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ
•    Конкурсот ќе биде објавен во средствата за јавно информирање и на веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk), а рокот за поднесување на понудите за откуп е заклучно со 28.2.2015  година.  
•    Понудите за откуп во затворен плик, со назнака: „За Конкурсот: Откуп на уметнички дела“, се доставуваат до Министерството за култура преку пошта, на адреса ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“, бр. 61, или со предавање лично во писарницата на Mинистерството најдоцна до 16 часот на последниот ден од Конкурсот.
•    Понудите пристигнати по наведениот рок нема да бидат разгледувани.

VII. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРС
•    Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени најдоцна во рок од 30 дена од денот на завршување на Конкурсот. За резултатите од Конкурсот, учесниците ќе бидат известени  со решение на Министерството за култура.
•    Резултатите ќе бидат објавени и на веб-локацијата на Министерството за култура.

VIII. ПОТПИШУВАЊЕ ДОГОВОР ЗА ОТКУП
•    Министерството за култура ќе склучи договори за откуп со учесниците  на Конкурсот со кои ќе се регулираат меѓусебните права и обврски во согласност со важечките прописи на Република Македонија.

IX. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Дополнителни информации може да се добијат на тел. 02/3240-554 и 3240-556, кај државниот службеник Марија Станчевска-Ѓоргова, раководител на Одделението за визуелни уметности, архитектура и дизајн во Министерството за култура.            

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia