КОНКУРС ЗА ПОДДРШКА НА СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИРАНИ УМЕТНИЦИ И ДЕФИЦИТАРНИ СТРУЧНИ КАДРИ ЗА 2014 ГОДИННА

Конкурс за  поддршка на стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарни стручни кадри во областа на филмот, театарот, музиката, танцот, литературата, ликовната уметност, заштитата на движното и недвижното културно наследство за 2014 година ...

Врз основа на член 65 став 4 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/2010, 47/2011 и 51/2011), а во врска со Правилникот за критериумите за финансирање на програмите, односно проектите по одделни дејности во културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 70/2011), Министерството за култура распишува

ПОДИГНИ ПРИЈАВА

К О Н К У Р С

за поддршка на стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарни стручни кадри во областа на филмот, театарот, музиката, танцот, литературата, ликовната уметност, заштитата на движното и недвижното културно наследство за 2014 година

1. Министерството за култура ќе обезбеди средства во еднократен износ од Буџетот на Република Македонија за:

-          поддршка на стручно усовршување на талентирани млади уметници и стручни дефицитарни кадри (за редовни, постдипломски и докторски студии и специјализации) во странство, со приоритет на студиите што ги нема во образовниот систем во нашата земја;

-          поддршка на стручно усовршување на дефицитарни стручни кадри за непосредна заштита на културното наследство;

-          поддршка на стручно усовршување во странство на кадри за менаџмент и маркетинг во културата и примена на нови технологии.

2. Пријавувањето се врши со доставување пополнета пријава која ќе биде објавена на веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk) на денот на објавувањето на овој конкурс.

Со пријавата задолжително се доставуваат следниве документи:

-          потврда за упис со превод на македонски јазик;

-          копија од Уверение за државјанство на Република Македонија;

-          потврда за висината на котизацијата или пресметка на вкупните трошоци за престој и школување;

-          писмени препораки од физичко лице (професор, ментор и слично) или од установа, здружение или правно лице кое врши дејност од областа на културата.

Документите  доставени со пријавата не се враќаат.

3. Конкурсот трае 30 дена од денот на објавувањето.

4. Пријавата и документите во врска со конкурсот може да се достават до Министерството за култура по пошта на адреса: ул. „Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 - Скопје или во писарницата на Министерството за култура најдоцна до 16 часот на последниот ден од конкурсот.

5. За резултатите од конкурсот учесниците ќе бидат известени писмено.

6. За дополнителни информации, кандидатите може да се обратат до Министерството за култура кај одговорниот државен службеник за соодветната дејност од областа на културата.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia