КОНКУРС ЗА ОТКУП НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА ОД ОБЛАСТА НА ВИЗУЕЛНИТЕ УМЕТНОСТИ ВО 2014 ГОДИНА

Врз основа на член 63 став 1 точка 4 и член 65 став 4 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“  бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/2010, 47/2011, 51/2011, 136/12 и 23/2013),   Министерството за култура распишува

КОНКУРС ЗА ОТКУП НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА ОД ОБЛАСТА

НА ВИЗУЕЛНИТЕ УМЕТНОСТИ ВО 2014 ГОДИНА

I. Општи информации

Министерството за култура, во согласност со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година („Службен весник на РМ“ бр. 15/2013) за остварување на националниот интерес во културата, ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија во 2014 година за откуп на уметнички дела од областа на визуелните уметности.

II. Цел

Конкурсот за откуп на уметнички дела од областа на визуелните уметности  се објавува заради:

- стимулирање на ликовното творештво на авторите и

- збогатување на музејските збирки во националните установи од областа на културата во Република Македонија.      

III. Приоритет

Приоритет при откупот ќе имаат квалитетни ликовни дела од автори од Република Македонија кои дале исклучителен придонес во создавањето, профилирањето и афирмирањето на македонската современа ликовна уметност.

IV. Право на учество

На Конкурсот може да учествуваат правни и физички лица кои се сопственици или се автори на уметничките дела што се нудат за откуп.

V. Документација што се доставува во врска со Конкурсот

-      Понуда за откуп на делата, со лични податоци за правното лице, односно физичкото лице (име, адреса на живеење, телефонски број за контакт). 

-     Биографија на авторот (доколку конкурира самиот автор).

-     Податоци за делата што се нудат за откуп (наслов и опис на делото, автор,  

      димензија, техника и година на создавање, изглед на делото – визуелен

      материјал презентиран во зависност од медиумот во кој е создадено делото).

-     Вредност на делото изразена во нето-вредност во денари.

-     Купопродажен договор или изјава за сопственост на делото заверена на нотар.

На Конкурсот за откуп едно лице може да понуди најмногу три уметнички дела.

VI. Начин и рок на поднесување

Конкурсот ќе трае до 31 јануари 2014 година, а ќе биде објавен во средствата за јавно информирање и на веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk). 

Понудите во затворен коверт, со назнака „За откуп на уметнички дела“, се доставуваат до Министерството за култура преку пошта, на адреса ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“, бр. 61, или со предавање во писарницата на Mинистерството најдоцна до 16 часот на последниот ден од Конкурсот.

Нема да бидат разгледувани пријавите кои се доставени по истекот на рокот на Конкурсот.

VII. Известување за резултатите од конкурсот

За резултатите од Конкурсот учесниците ќе бидат писмено известени во рок од 60дена по завршувањето на конкурсот.

Министерството за култура ќе склучи договор за откуп со учесниците на Конкурсот од кои ќе бидат откупени  делата.

VIII. Дополнителни информации

Дополнителни информации може да се добијат на тел. 02/3240-554 и 3240-556, кај државниот службеник Марија Станчевска-Ѓоргова, раководител на одделение во Министерството за култура.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia