Примопредавање на објектот „Стар театар“

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, на 31.5.2013 година се обрати на свеченото примопредавање на новата театарска зграда на објектот „Стар театар“ на Националната установа Македонски народен театар. Чинот на примопредавање на новиот објект беше одбележан со изведба на фрагменти од повеќе претстави од репертоарот на Македонскиот народен театар, како и со изведба на делови од претставата „Вечната куќа”, по текст на Јордан Плевнеш, со која во септември и официјално ќе биде отворена новата театарска сезона. На настанот беше промовиран и Музејот на МНТ, кој претставува прва театарска музејска збирка формирана и презентирана во Македонија.

DSC_0003Astar teatar 11star teatar 12star teatar 13star teatar 14star teatar 15star teatar 16star teatar 17star teatar 18star teatar 19star teatar 2star teatar 20star teatar 3star teatar 32astar teatar 34star teatar 35star teatar 36star teatar 4star teatar 5star teatar 6star teatar 8star teatar 9z10