Трета по ред Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог

Со официјалните обраќања на претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, министерката за култура и претседател на Меѓународниот комитет за организирање на Третата светска конференција, Елизабета Канческа-Милевска, и Валентина Божиновска, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, денеска (10.5.2013 година) во хотелот „Холидеј ин“ започна дводневната трета по ред Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог.

Како и претходните конференции, Третата светска конференција се реализира во рамките на Глобалната агенда на ООН и УНЕСКО за дијалог меѓу цивилизациите и финансиски е поддржана од Владата на Република Македонија и од УНЕСКО. 

verska (1)verska (10)verska (11)verska (12)verska (13)verska (2)verska (3)verska (4)verska (5)verska (6)verska (7)verska (8)verska (9)