Посета на премиерот Никола Груевски на Министерството за култура

Претседателот на Владата на Република Македонија, г. Никола Груевски, на 24 јануари 2012 година оствари средба со раководниот тим во Министерството за култура. Средбата се одржа во просториите на Министерството за култура и на неа се разговараше за тековните проекти и активности во областа на културата. Како во минатото, така и сега, премиерот Груевски ја продолжува практиката на посети на министерствата и државните институции со цел директно да се запознае со нивното работење.

02_PVRM_80003_PVRM_80010_PVRM_80011_PVRM_80014_PVRM_80021_PVRM_80024_PVRM_80025_PVRM_80033_PVRM_80035_PVRM_800