Портата, чиј автор е академската скулпторка Валентина Стевановска, ја красат триесетина релјефи изработени од мермер кои прикажуваат делови од историјата на македонскиот народ. Мотивите од длабок релјеф се поставени на сите страни на објектот.Висока е 21 метар. До врвот водат еден лифт и две скалила. Внатре има галериски простор на две нивоа, а најгоре платформа за набљудување.Меѓу нив се прикажани Александар Македонски и Филип Втори со фалангата, Јустинијан Први, Цар Самоил, Крале Марко, Карпош. Има релјефни мотиви на Илинденското востание, на АСНОМ, прогласувањето на независна Македонија во 1991 година. На објектот се наоѓаат и релјефи на манастирот „Свети Јован Бигорски“, претставена е и охридска куќа, Даут-пашин амам, Мостот на поезијата во Струга... Во горниот дел од фасадата, на четирите агли се поставени скулптури - човечки фигури лиени во бронза.
