Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска на 24.12.2011 во рамките на работната посета на Битола оствари средба со директорите на националните установи од областа на културата во овој град, како и со градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески. Канческа-Милевска ги посети Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола, Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“, Центарот за култура, Народниот театар Битола, како и Музејот на албанската азбука.
