Петтата по ред изложба „Археологија 2011“

Во Музејот на Македонија, на 28.12.2011 свечено беше отворена петтата по ред изложба „Археологија 2011“. На изложбата беа презентирани над 3.500 артефакти пронајдени  на 18 археолошки локации низ Македонија.

- Артефактите пред нас, кои се дел од богатиот фонд на пронајдени 19.000 примероци оваа година, уште еднаш го поткрепуваат и потврдуваат идентитетот на македонската историја. Тие се несоборлив доказ за нашето наследство, создавано низ милениумите - истакна во своето обраќање министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска.

arh izl 01arh izl 02arh izl 03arh izl 06arh izl 09arh izl 11arh izl 14