Во Музејот на Македонија, на 28.12.2011 свечено беше отворена петтата по ред изложба „Археологија 2011“. На изложбата беа презентирани над 3.500 артефакти пронајдени на 18 археолошки локации низ Македонија.
- Артефактите пред нас, кои се дел од богатиот фонд на пронајдени 19.000 примероци оваа година, уште еднаш го поткрепуваат и потврдуваат идентитетот на македонската историја. Тие се несоборлив доказ за нашето наследство, создавано низ милениумите - истакна во своето обраќање министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска.
