Артефактите од Пештерица, најстара неолитска населба во Македонија, потоа карактеристичните женски статуетки, керамичките садови од населбите Бакарно Гумно, Могила, Трештена стена и Голем Камен, бројните лачни фибули, прстени, белегзии од грандиозните т.н. Македонски гробници, металниот алат од локалитетот Градиште, збриката монети, ковани во злато, сребро и бронза, монетите на македонските кралеви, како и бројните наоди од еден од најзначајните антички локалитети во нашата земја, Стибера, убедена сум дека во наредниот период силно ќе го привлечат вниманието не само на домашната, туку и на странската научна јавност. Новата постојана археолошка поставка ќе биде гордост за жителите на Прилеп но, и предизвик за сите посетители кои имаат интерес да се запознаат со богатото културно минато на нашата држава, рече Канческа-Милевска.
