По точно 35 години од постоењето, во септември 2009 година беа промовирани новите депоа на Кинотеката на Македонија, опремени според најсовремените стандарди за чување на националното аудиовизуелно наследство, кое долги години беше чувано на несоодветен начин. Со реализацијата на овој проект, Кинотеката на Македонија стана центар за зачувување на богатиот аудиовизуелен материјал, а консеквентно и вистински пример за презентација и популаризација на нашето богато културно наследство.
