Во рамките на прославата на 20 години од независноста на Република Македонија, беа отворени портите на Музејот на македонската борба за државност и самостојност Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим. Бројката од над 20.000 посетители за два месеци од отворањето на овој музеј е силна поткрепа на фактот дека Република Македонија доби нова своевидна туристичка атракција за сите домашни и странски посетители на нашата земја.
