Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска во рамките на првата официјална посета на Народна Република Кина во Пекинг оствари билатерална средба со министерот за култура и спорт на Народна Република Кина, Чаи Ву. На средбата двајцата министри, во присуство на македонскиот амбасадор во НР Кина Оливер Шамбевски, ги реафирмираа добрите културни врски што постојат меѓу двете земји и ги истакнаа заедничките заложби за интензивирање на истите. Како дел од средбата, двајцата министри за култура ја потпишаа Програмата за културна соработка за периодот 2012-2017 година.
