На Гумење, на 25 април 2011 беше промовирана Спомен-куќата посветена на македонската музичка икона Тодор Проески. Објектот се простира на површина од околу 870 метри квадратни и има форма на крст. Музејската поставка на Спомен-куќата на Тоше Проески обезбедува еден хронолошки приказ на неговото детство, на тинејџерските години, на периодот кога Тоше го достигна врвот во својата уметничка кариера и истата е збогатена со 350 автентични експонати. Изградбата на Спомен-куќата на Тоше Проески е искрена благодарност и придонес на сите нас, граѓаните на Република Македонија во негувањето на неговиот лик и дело.
