Во пресрет на 100-годишнината од нејзиното раѓање и во присуство на голем број странски и домашни гости, во јануари 2009 година, беше промовиран „Спомен-домот на Мајка Тереза”. Со реализацијата на овој проект, Република Македонија даде значаен придонес во негувањето на универзалните хумани вредности за кои се залагаше Мајка Тереза. Овој значаен објект, кој досега е посетен од над 200.000 домашни и странски гости, стана неизоставен дел од туристичката карта на Република Македонија.