Работна средба на министерката за култура со делегација од Равена, Италија

02_poseta_640x400_naslovnaМинистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска оствари работна средба со делегација од градот Равена, на која присуствуваше и амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Ернесто Масимино Белели. На средбата беа прецизирани деталите околу претстојната изложба на Мозаиците од Равена, која ќе биде отворена на 22 октомври во новиот Археолошки музеј во Скопје. Станува збор за 30 мозаици, односно првите реплики од импресивните наоди од базиликата Сан Витале во Ревена, кои се едни од најимпресивните светски археолошки наоди и се интегрален дел од христијанската базилика Сан Витале, која е заштитена од УНЕСКО и е една од најзначајните примероци на раната христијанска византиска уметност и архитектура во западна Европа.

02_poseta_640x400_naslovna05_poseta_640