Одлука за доделување на државната награда ,,Св.Климент Охридски“ во 2012

ОДЛУКА

Врз основа на членовите 1,5,12,16,17 и 18 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ”бр.52/06,54/07 и 74/12), Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски” на седницата одржана на 19.11.2012 година донесе

О Д Л У К А

за доделување на државната награда ,,Св.Климент Охридски“ во 2012 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната  дејност од јавен интерес  на Република Македонија

 1. Во областа на воспитанието и образованието, наградата му се доделува на:

- проф. д-р Ѓорѓи Павловски, географ

2.  Во областа на културата и уметноста,  наградата му се доделува на:

- Бранко Ѓорчев, актер

3. Во областа на здравството,  наградата им се доделува на:

- прим. д-р Ѓорѓи Гоцев, дерматовенеролог и на

- доц. д-р Антонио Георгиев, кардиолог

4. Оваа Одлука влегува во сила од денот на донесувањето и ќе се објави во  ,,Службен весник на РМ”

Претседател на Одборот за државната награда

„Св.Климент Охридски”

академик Вера Битракова Грозданова

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia