Одлука за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2013 година

ОДЛУКА

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07 и 74/12) и Правилникот за работа на Одборот, на својата седница одржана на 18.11.2013 година донесе

О Д Л У К А

за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2013 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

1. Во областа на воспитанието и образованието, наградата му се доделува на:

- проф. м-р Аџи Фида, педагог-методичар.

2. Во областа на културата и уметноста,  наградата и се доделува на:

- доц. м-р Александра Мијалкова, примабалерина.

3. Во областа на здравството,  наградата им се доделува на:

- проф. д-р  Никола Јанкуловски, дигестивен хирург и
- примариус доктор Коте Тасевски, специјалист ендодонт.
 
Оваа одлука влегува во сила од денот на донесувањето и ќе се објави во „Службен весник на РМ”.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2013 година (недела) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.

                                                                                                                      Претседател на Одборот за

                                          државната награда „Св. Климент Охридски“,

                                                 академик  Вера Битракова-Грозданова