Св. Климент Охридски

СООПШТЕНИЕ

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06 и 54/07) и Правилникот за работа на Одборот, на својата седница одржана на 16.11.2011 година донесе

О Д Л У К А

за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2011 година за    највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и        унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес   на Република Македонија.

1. Во областа на воспитаниeто и образованието, наградата му се доделува на:

проф. д-р Драги Митревски, археолог.

2. Во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на :

академик Луан Старова, писател и

м-р Никола Фиданоски, ликовен уметник.

Оваa одлука стапува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во „Службен весник на РМ“.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2011 година (четврток) во 14 часот, во Свечената сала на Собранието на Република Македонија. 

 Претседател на одборот за
                                          државната награда „Св. Климент Охридски“,
                                                 академик  Вера Битракова-Грозданова

Одлука за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2011 година

ДРЖАВНА НАГРАДА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“   
(8 декември)

Согласно со член 5 од Законот за државните награди и Законот за  изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06 и 54/07), со наградата „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот и заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Во една година можат да се доделат најмногу пет награди.

Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.

Конкурсот трае од 1 до 30 јуни.

Државната награда се врачува во Собранието на РМ на 8 декември – Ден на св. Климент Охридски.

Државната награда „Св. Климент Охридски“ за првпат е доделена во 1969 година.


Конкурс за доделување на државната награда „Св, Климент Охридски” во 2011 година

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски” распишува, 

Конкурс за доделување на државната награда „Св, Климент Охридски” во 2011 година

Повеќе...