Одлука за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” во 2012 год

Одлука за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” во 2012 година

Врз основа на членовите 1,2,7,12,16,17 и 18 од Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди  („Службен весник на Р.М.” бр.52/06, 54/07  и 74/12) и Правилникот за работа, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин”, на седницата одржана на 11.12.2012 година  донесе

О Д Л У К А

за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин” во 2012 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија

1. За остварување во областа на публицистиката, државната награда ја делат:

-Свето Стаменов и Блерим Исени, публицисти.

2. За остварување во областа на новинарството, државната награда ја делат:

-Зоран Трајчевски и Мира Костиќ - Коцева, новинари.

3. Оваа одлука влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник на Република Македонија”.

Претседател на Одборот за

доделување на државната награда

“Мито Хаџи Василев - Јасмин”,

проф. д-р Веле Смилевски