Врз основа на членовите 1,2,7,12,16,17 и 18 од Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на Р.М.” бр.52/06 и бр.54/07) и Правилникот за работа, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин”, на седницата одржана на 7.12.2011 година донесе
О Д Л У К А
за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин” во 2011 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија
1. За остварување во областа на публицистиката, државната награда му се доделува на ::
- Тина Иванова Бејков, публицист.
2. За остварување во областа на новинарството, државната награда ја делат:
- Драган Антоновски и Предраг Димитровcки, новинари.
3. Оваа одлука влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во “Службен весник на Република Македонија”.
Претседател на Одборот
за доделување на државната награда
“Мито Хаџи Василев - Јасмин”,
проф. д-р Веле Смилевски
ДРЖАВНА НАГРАДА „МИТО ХАЏИ ВАСИЛЕВ-ЈАСМИН“
(21 декември)
Согласно со член 7 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на Р.М.“ бр.52/06 и 54/07) со наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.
Во една година можат да се доделат најмногу две награди.
Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.
Конкурсот трае од 1 до 31 октомври.
Државната награда се врачува во Собранието на РМ на 21 декември – денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев-Јасмин.
Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за првпат е доделена во 1969 година.
