СООПШТЕНИЕ
Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза”, во согласност со Законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06), Законот за изменување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр. 54/07) и Правилникот за работа на Одборот, на седницата одржана на 23.6.2010 година донесе
О Д Л У К А
за доделување на државната награда „Мајка Тереза” во 2010 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
За остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност, државната награда им се доделува на:
- м-р Олга Јотовска, дoктор специјалист педијатар и
- Халил Зендели, писател.
Оваа одлука стапува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник на РМ”.
Наградите ќе им бидат врачени на добитниците на 26.8.2010 година (четврток) во 12.30 часот во Свечената сала на Собранието на Република Македонија.
Претседател на Одборот
за доделување на државната
награда „Мајка Тереза”,
академик Митко Маџунков


