Одлука за доделување на државната награда„Мајка Тереза” во 2016 година

Врз основа на членовите 8,9,11,12,13, 17,18 и 19 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на Р.М.” бр.52/06, бр.54/07 и 74/12 ) и членовите 1,4,6,8 и 22 од Правилникот за работа на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза”, на седницата одржана на 14.6.2016 година  донесе 

О Д Л У К А

за доделување на државната награда„Мајка Тереза” во 2016 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери

 1. За остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност  и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери,  државната награда  се доделува на:

- прим. д-р  Димитар Котевски 

 2. Оваа Одлука влегува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во „Службен весник на РМ” .


ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОДБОРОТ  

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА  

НАГРАДА”МАЈКА ТЕРЕЗА”,              

Проф. д-р Марко Китевски