Одборот за доделување на државната награда “Мајка Тереза” распишува Конкурс за доделување на државната награда “Мајка Тереза” во 2011 година

Одборот за доделување на државната награда “Мајка Тереза” распишува:

К О Н К У Р С

за доделување на државната награда “Мајка Тереза” во 2011 година

Со државната награда “Мајка Тереза” се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјата.

Државната награда под условите определени во конкурсов може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.

На награден поединец му се доделува: диплома и паричен износ.

На секој член на наградена група творци или екипа му се доделува диплома и подеднаков дел од паричниот износ.

На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета.

Паричниот износ на државната награда “Мајка Тереза” изнесува пет (5) просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци на тековната година.

Државната награда “Мајка Тереза “ се доделува, по правило, секоја година.

Во една година може да се доделат најмногу до две награди.

Иницијатива за доделување на државната награда “Мајка Тереза” може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

Подносителите на иницијативата за доделување на државната награда треба подробно да ја образложат иницијативата. Во текстот треба да се содржани и: прецизни биографски податоци, точна адреса на живеење (адреса-улица, број, место, град, држава), податоци за остварените резултати во областа во којашто е постигнато остварувањето и други податоци за кои се смета дека ќе придонесат во оценувањето.

Подносителот на иницијативата мора да го наведе своето целосно име и презиме, називот, фирмата, адресата и телефонот.

Текстот на иницијативата (комплетиран) треба да се достави во 15 примероци, а трудови (книги, публикации и сл.) се третираат како прилози и треба да се достават во еден (1)  примерок.

Адреса на којашто треба да се достават иницијативите е:

Министерство за култура на Република Македонија - Одбор за доделување на државната награда “Мајка Тереза”, ул.”Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 - Скопје, Република Македонија.

Конкурсот трае од 1.04 до 30.04 2011 година.

Некомплетните иницијативи и иницијативите и предлозите (трудови, книги, публикации и сл.) доставени по утврдениот рок за прием по конкурсов нема да бидат разгледувани.

Одбор за доделување на

државната награда “Мајка Тереза”

obrakanje-minister

20-godini-nezavisnost

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedoniakulturata-vo-mk