Одлука за доделување на државната награда „23 Октомври” во 2011 година
Врз основа на членовите 1,2,9,11,12,16,18 и 4-а од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06 и 54/07), Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври” на седницата одржана на 7.10.2011 година донесе
О Д Л У К А
за доделување на државната награда „23 Октомври” во 2011 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија
1. За остварување во областа на науката и образованието, наградата
му се доделува на
-проф. д-р Томе Неновски, професор
2. За остварување во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:
-Паскал Гилевски, писател и
-Коле Манев, ликовен уметник
3 . Оваа одлука стапува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во
„Службен весник на РМ “
Претседател на Одборот
за државната награда „23 Октомври“
академик Владо Камбовски

