Одлука за доделување на државната награда „23 Октомври” во 2015 година

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври”, во согласност со Законот за државните награди и законите за изменување и дополнување на Законот за државните награди (Службен весник на РМ” бр.52/06, 54/07 и 74/12) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе

О Д Л У К А

за доделување на државната награда „23 Октомври” во 2015 година

за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно - историското

наследство на Република Македонија

1. За остварување во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:

- Стефан Хаџи Николов, ликовен уметник

- Фејзи Бојку, писател

- Костадин Костадиновски, музиколог, публицист, новинар и музички  критичар.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2015  година (петок) во 12 часот, во Собранието на Република Македонија.

Претседател на Одборот

за државната награда„23 Октомври”

академик Вера Битракова – Грозданова