Одлука за доделување на државната награда „23 Октомври” во 2013 година

Одлука за доделување на државната награда „23 Октомври” во 2013 година

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври”, во согласност со Законот за државните награди и законите за изменување и дополнување на Законот за државните награди (Службен весник на РМ” бр.52/06, 54/07 и 74/12) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе

О Д Л У К А

за доделување на државната награда „23 Октомври” во 2013 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата,образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историско наследство на Република Македонија

1. Во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:

 - Ана Дурловски, оперски уметник

 - Џабир Амети, писател

 - Михаил Ренџов, писател

 - Ставре Димитров-Стадим, ликовен уметник

2. Оваа Одлука влегува во сила од  денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник” на Република Македонија.

            Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2013  година (среда) во 12 часот, во Собранието на Република Македонија.

Претседател на Одборот

за државната награда „23 Октомври”

академик Владо Матевски