Одлука за доделување на државмната награда „11 Октомври“ во 2011 година
Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06 и54/07) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе
О Д Л У К А
за доделување на државната награда „11 Октомври“ во 2011 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.
1. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:
-Тања Вуисич-Тодоровска, балетски уметник;
-Ресул Шабани, писател и
-Петар Темелковски, актер
2. За животно дело во областа на заштитата на вредностите на културно-историското наследство, наградата се доделува на;
-Миле Бошески, советник-библиотекар.
3. За животно дело во областа на стопанството, наградата се доделува на:
-проф.д-р Тихомир Чепреганов, стопанственик.
Оваа одлука стапува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во
„Службен весник на Република Македонија“.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 11 Октомври 2011 година (вторник) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.
Претседател на одборот
за државната награда „11 Октомври“
академик Витомир Mитревски
Во Собранието на Република Македонија денеска напладне (11.10.2011 година) беше врачена државната награда „11 Октомври“ за животно дело за 2011 година


