Одлука за доделување на државната награда ,,11 Октомври“ во 2015 година

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06,54/07 и 74/12) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе 

О Д Л У К А

за доделување на државната награда ,,11 Октомври“ во 2015 година  за  највисоко признание за животно дело во областа на науката,    уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија

1. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата му  се доделува на:

- академик Митко Маџунков, писател       

2. За животно дело во областа на науката и образованието.  наградата им се доделува на:  

- проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург;  

- проф. д-р Махмуд Хиса, професор по Албански јазик;   

- проф. д-р Марјан Димитријевски, историчар и научен работник.                                                   

Оваа одлука стапува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во ,,Службен весник на РМ“. Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври 2015 година (недела) во 12 часот во Собранието на Република Македонија.                                                                                       

Претседател на Одборот за

државната награда

„11 Октомври”                                                                              

академик Катица Ќулавкова

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia