Одлука за доделување на државната награда „11 Октомври“ во 2014 година

Врз основа на членовите 1,4,12,16,17 и 18 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06, 54/07 и 74/12), Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври” на седницата одржана на 17.09.2014 година донесе

О Д Л У К А


за доделување на државната награда ,,11 Октомври“ во 2014 година           за највисоко признание за животно дело во областа на науката,   уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија
      1. За животно дело во областа на науката и образованието  наградата им се доделува на: 
      - проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог-алерголог и
      - проф. д-р Зоран Тодоровски, историчар.
      2. За животно дело во областа на културата и уметноста наградата им  се доделува на:
           -  Шукри Рамадан, музичар, педагог и диригент
           -  Вања Лазарова-Димитрова, народен уметник и          
           -  акад. Катица Ќулавкова, писателка.

Оваа одлука стапува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во ,,Службен весник на РМ“ .                                                                         

Претседател на Одборот,
академик Митко Маџунков